Карло Анчелоти пред првиот полуфинален натпревар во Копа дел Реј против вечниот ривал Барселона, смета дека неговиот тим не смее да ги повтори грешките од Супер купот во Ријад, во кој Барса славеше со 3-1.

Според италијанскиот стратег, директниот дуел на реаловиот напаѓал Винициус и дефанзивецот на Барса, Араухо ќе биде клучен за исходот на мечот.

„Ни недостасуваше посветеност и решителност во шпанскиот Суперкуп. Набравме индивидуални грешки кој не смеат да се повторат. Не мислам дека ќе се случат пак бидејќи ова е важен натпревар и сме близу до освојување на Копа дел Реј. Дуелот помеѓу Винисиус и Араухо ќе одлучи голем дел од натпреварот. Вини е еден од најдобрите во светот и најчесто тој ги решава натпреварите за нас, а Араухо е одличен дефанзивец па ќе биде забавно да се гледа нивниот дуел. Ќе играме против многу силен противник и ќе биде интересен меч во кој фановите ќе уживаат. Се игра 180 минути, а влогот е финалето“ изјави Анчелоти.

Големото „Ел Класико“ меѓу Реал и Барселона се игра вечерва со почеток од 21 часот.