На вчерашната прес конференција пред големото „Ел Класико“ шпанскиот стратег Чави изјави дека единствена цел на неговиот тимот е победа иако Барселона во вечерашниот меч со Реал, без разлика што ќе ги нема главните ѕвезди, Педри, Левандовски и Дембеле, поради повреди

„За мене Реал Мадрид се фаворитите, тие се европски и шпански шампиони. Без разлика на повредите или победата во Супер Купот во кој одигравме најдобро сезонава, знаеме дека не чека тежок ривал. Можеби на моменти не играат најдобро, но со две, три добри додавања пристигнуваат гол. Тие се силен противник. Тимот на Анчелоти ни го нанесе првиот пораз во лигата уште во октомври, што ни беше единствен во Ла Лига се до минатата недела. Но, мислам дека се ќе биде решено на реваншот на „Камп Ноу“.
Одиме во Мадрид да победиме тоа ни е целта, ова е права прилика да освоиме уште една титула“
изјави Чави.

Првиот полуфинален натпревар меѓу Реал и Барса ќе се игра вечерва во Мадрид.