Срамна провокација на навивачката група (ако може така да се нарече) „Гробари“ на ракометниот натпревар, меѓу Партизан и Вардар одигран вечерва во рамките на регионалната СЕХА лига, која патем го добија домаќините.
Откако прво истакнаа грчко знаме, во текот на второто полувреме „гробарите“ испратија порака, најверојатно упатена до навивачите на Вардар „Комитите“, наведувајќи дека се група со српско име, која слави бугарски војник, притоа алудирајќи на Гоце Делчев.
„Група со српско име, слави бугарски војник, мора да е тешко со таков комплекс во главата!?“
пишува на паролата која ја истакнаа „Гробарите“
Покрај овие пораки, честопати можеа да се слушнат и скандирањата од типот
„Јужна Србија, никогаш Македонија“
Ваквите срамни скандирања на навивачките групи кај нашиот „Северен Сосед“ се сé почести, па редно е конечно некој од нашата Влада, а пред се Министерството за надворешни работи да реагира.
На ваквите провокации кои беа составен дел од речиси целиот тек на овој натпревар не остана имун капитенот на вардарци Стојанче Стоилов, кој со право реагираше.