Дуелот на двата премиерлигаши Фулам и Лидс Јунајтед одигран во раките од осминафиналето на ФА купот му припадна на домашниот тим.

Со два прекрасни гола, првиот на Палхина во 21-та минута за водство од 1-0, а вториот на Соломон во 56-минута по одлична акција на Србинот, Митровиќ за 2-0, домаќините го најавија триумфот.

Иако и српскиот репрезентативец ја погоди мрежата на Меслиер во 65 минута, сепак голот беше поништен поради офсајд, па резултатот остана не променет 2-0. 

Со оваа победа Фулам оди на следната фаза, односно четврт-финалето на ФА купот.