Манчестер Сити со убедлива победа во гости против тимот од „Чемпионшип“, Бристол Сити, се пласираше во четвртфиналето од ФА Купот.

„Граѓаните“ почнаа напаѓачки што резултираше со рано водство.  Фил Фоден во 7. минута на асистенција на Алжирецот, Марез го отвори резултатот и донесе предност од 0-1.Ова не беше единствениот гол на натпреварот за Фоден бидејќи истиот играч во 74 минута повторно ја затресе мрежата на Бристол за водство од 0-2.

Набрзо по вториот гол, ,,Граѓаните” повторно ја зaтресоа противничката мрежа, овој пат преку Де Брујн, кој во 81-та минута ги постави конечните 0-3.

Пласман во четвртфиналето вечерва обезбедија и Брајтон со победата над Стоук со минимални 0-1, Блекбурн кој го шокираше Лестер со 1-2 на гостински терен и Фулам кој со сигурни 2-0 го елиминираше Лидс.