Иако фудбалерите на Монако на првата средба во Леверкузен славеа со 3-2, сепак тоа не беше доволно да се пласираат во осминафиналната рунда. Популарните „фармацевти“ од Леверкузен во реваншот забележаа победа по подоброто изведување на пеналите, откако регуларното дел заврши со 3-2 за Баер.

Гостите со голот на Вирц во 13-тата минута поведоа со 1-0, но само шест минути подоцна од пенал израмни Бен Јадер. Не мина долго време (21) Баер повторно ја врати предноста, со погодокот на Паласиос поведе со 2-1. Во вториот дел германскиот тим беше во добитна комбинација откако младиот Французин, Адли им донесе предност од 3-1, резултат што г водеше во осминафиналето.

Но, Монако не се откажа, па со погодокот на Емболо во 84-тата минута намали на 2-3, што значеше и дополнителни возбудувања во продолженијата. Тие пак не донесоа промена на резултатот па пенал „рулетот“ го реши победникот.

Во него решавачки беше втората серија во која домашниот фудбалер Матазо ја погоди гредата, па со 5-3 на пенали Баер Леверкузен се пласира во осминафиналето.