Екипата на Милан со гол предност ќе го чека реванш дуелот со Тотенхем во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Италијанскиот првак ја искористи предноста на домашниот терен и го доби првиот меч со англискиот претставник со 1-0 и тоа со голот на Шпанецот, Брахим Дијаз постигнат уште во седмата минута.

Во продолжението се играше „тврд“ фудбал, со голем број на дуели.

Домаќините може да жалат што не постигнаа барем уште еден гол, особено во 78-минута кога по акцијата од левата страна на Рафаел Леао, во идеална ситуација беше Малик Тиав кој биеше со глава, но резултатот остана непроменет 1-0 за Милан

Реванш дуелот во Лондон ќе се игра на 8 март.

Инаку утре своите првите осминафинални средби ќе ги играат Борусија Дортмунд и Челзи, односно Клуб Бриж и Бенфика.