Супер натпревар на ,,Паркот на Принцовите” во Париз, во кој ПСЖ и Баерн го оправдаа епитетот дерби на 1/8 фаза.

,,Баварците” дојдоа мотивирани со јасна цел и план и носат голема победа во Минхен, 0-1.

Стрелец на победничкиот гол беше Кинглси Коман, кој во 53-тата минута го искористи нафрлувањето на Дејвис и ја затресе противничката мрежа. Виновник за голот е и чуварот на мрежата на Парижаните, Џиџи Донарума кој можеше и мораше многу подобро да реагира.

Влегувањето на Килијан Мбапе донесе свежина во тимот на Париз Сен Жермен, Францускиот тим почна да игра многу подобро а со тоа се редеа и шансите.

Токму Мбапе два пати ја затресе мрежата на Зомер во 73 и 81 но и во двата наврати голот беше поништен поради офсајд.

До крајот на натореварот Париз се закани уште неколку пати но мрежата на Зомер остана мирна и Баерн заслужено се радуваше на победата.

Реванш натпреварот во Минхен се игра на 08.3 на кој Баерн ќе биде без Павард кој во финишот заработи црвен картон.