Во одличен ритам игра Македонскиот напаѓач во редовите на Дебрецин, во унгарското првенство.

Дориан Бабунски во вечерашниот натпрeвар со својот гол во 96-тата минута донесе голема победа за својот тим против Пакс.

Дебрецин беше во негатива од 0-1 се до 92-та минута, кога Мелдин Дресковиќ изедначи на 1-1, за да во финишот, Бабунски со својот гол донесе целосен пресврт и победа од 1-2.

Ова е трет гол за Бабунски на тритe натпревари во продолжението на сезоната, за вкупно 7 на 17 натпревари оваа сезона.