Македонскиот ветеран и поранешен репрезентативец, Иван Тричковски, по подолга пауза се врати во составот на АЕК Ларнака и постигна погодок за реми на натперварот против Члорака 1-1.

Тричковски имаше проблем со повредите и физичката спремност поради истата, но очигледно сето тоа е минатно, па денес тренерот Хозе Луис Олтра му даде шанса на Македонскиот интернационалец во 62-та минута. Тричковски му врати на најдобар можен начин па во 89-тата минута постигна погодок за 1-1.

За Тричковски ова е петти погодок оваа сезона, а АЕК Ларнака е лидер во Кипарското првенство со 54 бода.