Попладнево во СЦ „Јане Сандански“ ракометарите на Вардар ќе го одиграат третиот натпревар во регионалната СЕХА лига.
Македонскиот шампион ќе биде домаќин на Татран Прешов тим од кој загуби со четири гола разлика на отворањето на новата на новата сезона.
За разлика од средбата во Словачка, на која неколкумината македонски репрезентативци кои настапија на Светското првенство, на тимот му се приклучија, што се вели од авион, сега црвено-црните се комплетни и подготвени на му се реваншираат на Татран.
Во своите изјави пред два дена тренерот Недановски и крилото Георгиевски истакнаа дека ќе одат на победа на овој меч, но дали тоа ќе биде со повеќе голови од средбата во Прешов останува да се види.
Мечот меѓу Вардар и Татран ќе започне од 18 часот.
Оние кои не може да бидат во салата „Јане Сандански“ натпреварот ќе може да го гледаат на програмата на МРТ3 или во ЖИВО ОВДЕ.