,,Кралевите” во полуфиналето од Светското клупско Првенство го совладаа Ал Ахли со убедливи 4-1 и ќе играат за својата петта титула во ова натпреварување.

Винициус со гол во 42-та минута го отвори резултатот и донесе предност од 1-0 на полувреме.
Реал тргна силно и во вториот дел, па веќе во втората минута од продолжението на натпреварот, во 46-тата минута, Феде Валверде погоди за 2-0.

Ал Ахли во 65-тата минута преку Алул се врати во натпреварот и намали на 1-2, но сили за нешто повеќе немаа.

Реал ја имаше иницијативата до крајот, а откако Лука Модриќ во 87-та минута промаши пенал за 3-1, во самиот финиш на натпреварот следуваа нови два гола за Кралевите.

Најпрвин Родриго во 92-та минута беше присебен и на асистенција на Себаљос погоди за 3-1, за да конечните 4-1 ги постави Арибас во 98-та минута.

Во финалето Реал ќе се сретне со Ал Хилал кој во полуфиналето го елиминираше Фламенго.