Повремениот Македонски репрезентативен голман, Дејан Илиев, се пресели во Финска, во редовите на ХЈК Хелсинки. Илиев стави потпис на едногодишен договор со најтрофејниот клуб во Финска, клуб за кој во минатото настапуваше и Ферхан Хасани.

Дени Илиев потекнува од Беласица, а беше дел и од лондонски Арсенал, но не настапи за сениорскиот тим на официјален натпревар. Во повеќе наврати Арсенал го праќаше на позајмица во повеќе клубови па така во последните четири години го бранеше голот на Серед, Јагелонија, Шрузбери, Орион и Тренчин.