Марта Басино е нова светска шампионка во супер-велеслалом.

Во втората дисциплина кај дaмите популарниот Супер-Џи, Италијанката оствари најбрзо време од 1:28.06 минути и ги изненади топ фаворитките за златото.

Меѓу нив и Американката, Микаела Шифрин која останаа за само 11 стотинки и мораше да се задоволи со среброто.

Со ист резултат (време) до бронзениот медал стигнаа Норвежанката, Кајса Викоф Ли и Австријката, Корнелија Хутер.

Ова е второ злато за Италија на Мундијалот, откако пред два дена во првата трка до најсјајното одличје стигна Федерика Брињоне во комбинација.

Утре на четвртиот ден на шампионатот, на програмата е машката трка во истата дисциплина.