Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Кеандре Кук е прогласен за најкорисен играч (МВП) во 18. коло на регионалната АБА-лига.

Кук доминираше на теренот во СЦ „Јане Сандански“ во саботниот натпревар во кој македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром стигна до третата победа, совладувајќи ја фаворизираната Цедевита Олимпија.

За помалку од 25 минути поминати на теренот Кук постигна 26 поени, пет скока, една асистенција и една украдена топка и направи Индекс на корисност 31.

Ова беше втор натпревар на Кук во АБА лигата по неговото доаѓање во Скопје, но на првиот (против Партизан) се повреди по само неколку минути и предвреме го заврши мечот.