Во победничката еуфорија по победата над Цедевита Олимпија во рамките од АБА лигата, еден од најискусните играчи на МЗТ Скопје Аеродром, Бојан Крстевски со директна порака до американските соиграчи, дека време за еуфорија многу нема, претстои вечното дерби со Работнички.

Еј, момци, Американци. Следниот натпревар во понеделник е најважен, дерби во домашниот шампионат. Верувајте ми, тоа е градско дерби. Мораме да ги уништиме“, им вели Крстевски на американските соиграчите. 

Можеби не како изминатите неколку сезони кога МЗТ важеше за апсолутен фаворит, но и сега актуелниот шампион сеуште го носи тој примат.

Откако ривалот Работнички, се стабилизира, пред се финансиски, во своите редови донесе неколку искусни странски засилувања, тимот од „Градски парк“ сега е конкурентен, но дали доволно да им се спротивстави на аеродромци останува да видиме по натпреварот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20 часот.