Екипата на Феникс забележа победа на домашен терен против последно пласираниот тим во прволигашката конкуренција Струмица со 85-71.

Ветеранот Бојан Трајковски и младиот Амар Хот средбата ја завршија со дабл-дабл ефект.

Трајковски на 30-те поени придодаде и 12 скока, а имаше и седум асистенции, додека Хот средбата ја заврши со 15 поени и 11 скока.  

Кај гостите Бредли Обиквели покажа дека ќе биде сериозно засилување реализирајќи 30 поени за последно пласираната Струмица.

Ова беше претпоследниот натпревар од оваа 14-та рунда од која останува да се одигра уште вечното дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички закажан за утревечер во „Јане Сандански“ со почеток од 20 часот.