Тимот на Лучано Спалети маршира кон титулата во Италија. Наполи денес лесно, според очекувањата се справи со Специја победувајќи 0-3, за нова победа на гостински терен.

Домаќините имаа сили само за едно полувреме кога се одбранија од силните налети на ,,Наполетанците” но во второто полувреме работите дојдоа на свое место.

Најпрвин Квадрасцкелија во 47-та мирно го реализираше ударот од белата точка за предност од 0-1. Налетите на Наполи продолжија а Виктор Осимен во 68-та и 73-тата минута два пати ја затресе противничката мрежа за убедливи 0-3, резултато кој остана до крајот на натппреварот.

Македонскиот репрезентативец Еламс, натрпреварот го почна од клупа, а тренерот Спалети му даде шансас во второто полувреме, поточно во 62-та минута, кога Елиф го замени Зиелински.