Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски постигна два гола во победата со 3-1 против Мадервил. Пет минути му беа потребни на Миовски за два пати да ја затреср противничката мрежа.

Со оваа победа Абердин ја прекина црната серија од пет порази и дојде до 34 бода, само бод од зоната која води во плеј оф.

Миовски оваа сезона е вистинска гол-машина, а со 14 погодоци е прв стрелец на тимот и трет стрелец во лигата.