Кошаркарите на ТФТ Моцарт Бет без поголеми проблеми запишаа нова победа во домашното првенство откако вечерва во СРЦ Кале го совладаа Гостивар 91:77 (22:18; 26:19; 27:16; 16:26) и со тоа се изедначија со бројот на победи и порази на денешниот ривал (9-5).

Почетокот на натпреварот беше во знакот на ТФТ Моцарт Бет особено што сите лини финкционираа како што посакуваше тренерот Боро Смилковски. На полувреме беше 48:37, но клучната разлика тимот од Тафталиџе ја направи во треиот период кога разликата достигна и 20+ поени.

До крајот на дуелот гостите од Гостивар само го ублажија поразот.

Денеска од 14.коло во Гевгелија Кожув го победи Куманово со 94:76, додека во Кавадарци Еуро Никел славеше над Чаир со 80:66.

Во другите натпревари се играат утре: Пелистер – ФМП, Феникс – Струмица, додека дербито меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички се игра во понеделник со почеток во 20 часот.