Продолжува сезоната и во српската суперлига, а во првото коло од пролетниот дел, лидерот Црвена Звезда ,,се лизна” против Војводина и на домашен терен одигра само реми.

Гостите одлично влегоа во натпреварот, а во 25-тата минута, талентираниот  Урош Кабиќ го матираше Милан Борјан, чуварот на голот на Звезда и донесе голема радост кај гостинските навивачи.

Сепак радоста во таборот на Војводина траеше кратко, откако само три минути по голот на Кабиќ и водството на Војводина, Александар Катаи во 28-та минута погоди за Звезда за изедначување 1-1.

Иако играчите на Милош Милојевиќ притискаа и имаа голем број шанси до крајот на натпреварот, сепак никако не можеа по втор пат да го совладат голманот на Војводина и со тоа резултатот остана непроменет, 1-1, а Звезда мораше да се задоволи со бод.

Посебен белег на натпреварот остави одличанта кореографија на ,,Делије” во чест на легендарниот Синиша Михајловиќ, кој неодамна ја загуби битката со тешаката болест. На овој начин, Делија му искажааа почит на легендарниот играч на црвено-белите, кој беше дел од славната генерација која ја покори Европа.