ПЕЛИСТЕРЦИ УТРЕ СТАРТУВААТ ВО СЕХА ЛИГАТА

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре со дуелот против Војводина ја започнуваат новата сезона во СЕХА лигата.

Овие натпревари ќе бидат добро загревање за битолчани кои ќе водат жестока битка на три фронта смета младиот репрезентативен голман Марко Кизиќ.

„Добри ќе ни дојдат овие два натпревари, ни требаат квалитетни ривали за да го подигнеме ниво. Напорно ќе ни биде на три фронта оваа полусезона, но ќе мора да издржиме. Спремни сме, очекуваме да ни се приклучат уште неколку ракометари од повреди и одиме на победи. Војводина покажа дека игра квалитетен ракомет и донесе доста засилувања. Квалитетен тим е, заслужуваат почит. Сепак, ние веруваме во нас и патуваме во Нови Сад по победа. Нексе ни е познат противник, сме играле против нив и во Европската и во СЕХА лигата. Сезонава тимот им е малку изменет, но структурата им е иста“, изјави Кизиќ.

Натпреварот со Војводина што ќе се игра утре од 18 часот во Нови Сад, е првиот од двата претстојната седмица за пелистерци на гостински терен. Вториот против Нексе исто така го играат на гостински терен веќе во четврток 2 февруари.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (А ГРУПА)
30.01. Војводина – Еурофарм Пелистер 18:00 часот
02.02. Нексе – Еурофарм Пелистер 18:00 часот
02.03. Еурофарм Пелистер – Војводина
14.03. Еурофарм Пелистер – Нексе