Избраниците на Симоне Инзаги беа близу до уште едно разочарување откако по поразот од Емполи во претходното коло, денес лошо го отвотија натпрварот против Кремонезе и по само 11 минути имаа негатива.

Меѓутоа за работите да одат според планираното се погрижи Лаутаро Мартинез кој најпрвин во 21 минута изедначи на 1-1, за да со својот втор погодок во 65. минута донесе целосен пресврт и победа за својот тим.

Со оваа победа, Интер се врати на втората позиција, барем до утре кога Милан го игра својот натпревар против Сасуоло.