,,Црвените Ѓаволи” сосема очекувано се пласираа во 1/8 во ФА купот, победувајќи го Ридинг со сигурни 3-1.

Натрепварот почна во знакот на Јунајтед, па во 35. минута Маркус Рашфорд ја затресе мрежата на противникот, но голот беше поништен поради офсајд. Во второто полувреме избраниците на Ериг Тен Хаг уфрлија во повисока брзина, а Касемиро за 4 минути го реши прашањето на победникот откако најпрвин во 54-тата минута погоди за 1-0, за да веќе во 58-та зголеми на 2-0.

Асистентот на вториот погодок на Касемиро, Бразилецот, Фред во 67-та минута одново ја затресе мрежата на противникот за високи и сигурни 3-0.Гостите со голот на Аманду Мбенга во 72-та минута постигнаа почесен погодок за конечни 3-1.

Сигурна победа и пласман во 1/8 обезбеди и Тотенхем кој очекувано лесно го совлада Престон со 3-0. Двоен стрелец на натпреварот беше Кореецот Сон, кој во 50 и 69-та минута донесе сигруна поредност од 2-0 за својот тим. Конечните 3-0 ги постави Данјума во 87-та минута.

 

Остнати резултати од денешните ФА куп натпревари

Волсал 0 – 1 Лестер Сити

Акрингтон Стенли 1 – 3 Лидс Јунајтед

Саутемптон 2 – 1 Блекпул

Ипсвич Таун 0 – 0 Барнли

Шефилд Венсдеј 1 – 1 Флитвуд Таун
Фулам 1 – 1 Сандерленд

Блекбурн Роверс 2 – 2 Бирмингем

Бристол Сити 3 – 0 Вест Бромвич Албион

Лутон  2 – 2 Гримсби

Во натпреварите каде што немаше победник ќе се игра уште еден натпревар