По завршувањето на главната фаза од натпреварите познат е пласманот на репрезентациите од 9.то до 24.то место. За конечниот изглед ќе решаваат натпреварите во финалната фаза (четвртфинале, полуфинале, дуели за пласман 5-8.место, како и финалето и дуелот за третото место). Секако ќе треба да се одиграат и дуелите за пласман од 25 до 32 место или „Президент купот“ каде во среда ќе настапува и Македонија.

Редослед на репрезентациите кои веќе го завршија настапот на Светското првенство:

9. Хрватска

10. Словенија

11. Србија

12. Исланд

13. Португалија

14. Холандија

15. Полска

16. Бахреин

17. Бразил

18. Црна Гора

19. Аргентина

20. САД

21. Белгија

22. Катар

23. Зеленортска република

24. Иран