По завршувањето на главната фаза познати се двојките за четвртфиналето на Светското првенство. Дуелите од 1/4 финалето ќе се играат на 25.јануари во Гдањск и во Стокхолм. Победниците од овие дуели ќе играат во полуфиналето кое е на програмата на 27.јануари, додека натпреварите за медали ќе се играат в недела во Стокхолм.

Во Гдањск ќе играат: Франција – Германија и Норвешка – Шпанија, додека во Стокхолм ќе се играат дуелите: Шведска – Египет и Данска – Унгарија. Натпреварите ќе се играат во термините од 18 и 20:30 часот.

Покрај четвртфиналните натпревари во среда – 25.јануари во Плоцк ќе се играат и дуелите за пласман од „Президент купот“:

13:00 часот – 31.место: Алжир – Уругвај

15:30 часот – 29.место: Мароко – С.Арабија

18:00 часот – 27.место: Македонија– Јужна Кореја

20:30 часот – 25.место: Чиле – Тунис