Три натпревари од групата 2 од главната фаза ќе се играат денеска и сите имаа решавачка улога за пласман во четвртфиналето каде конкурираат три репрезентации – Унгарија, Исланд и Португалија. Во најдобра позиција е Португалија според бодовите, но го има најтешкиот ривал Шведска, која е прва во групата без разлика на исходот од дуелот. Овој натпревар е последен по распоредот, а претходно Унгарија игра против Зеленортската република и Исланд против Бразил. Овие две селекции со победи ќе ја минат Унгарија на табелата. Затоа неизвесноста ќе трае цело попладне и вечер. Со ист број на бодови меѓу Исланд и Унгарија, Унгарија ќе биде подобро пласирана заради победата во меѓусебниот дуел.
Во групата 1 во Краков Франција и Шпанија ќе играат (почеток 21 часот) за првата позиција. Со нерешен резултат Франција е прва поради подобра гол разлика. Денот ќе биде отворен со екс-југословенската пресметка Црна Гора – Словенија, а домаќинот Полска за ривал ја репрезентацијата на Веселин Вујовиќ Иран.
Од 13 часот во Плоцк се игра и дуелот за првото место во групата 1 од Президент купот Чиле – Јужна Кореја, а потоа е и дуелот Саудиска Арабија – Уругвај.
Распоред на натпревари:
Главна Фаза:
Група 1 – Краков:
3.коло: Црна Гора – Словенија (почеток 15:30), Иран – Полска (18:00), Шпанија – Франција (21:00).
Табела: Франција 8, Шпанија 8, Словенија 4, Црна Гора 2, Полска 2, Иран 0.
Група 2 – Гетеборг:
3.коло: Зеленортска р. – Унгарија (15:30), Бразил – Исланд (18:00) , Шведска – Португалија (20:30)
Табела: Шведска 8, Португалија 5, Исланд 4, Унгарија 4, Бразил 3, Зеленортска република 0.
Президент куп:
Група 1: Плоцк
3.коло: Ј.Кореја – Чиле (13:00), С.Арабија – Уругвај (15:30)
Табела: Ј.Кореја 4, Чиле 4,Уругвај 0, С.Арабија 0.