Реал Мадрид дојде до исклучително важна победа од 0-2, на тешкото гостување кај Атлетик Билбао.

Карим Бензема во 24-тата и Тони Крос во 91-та минута погодија за важни три бода и враќање на победничките патеки на избраниците на Карло Анчелоти.

Со оваа победа, Реал Мадрид остана во чекор со првопласираната Барселона. Кралскиот клуб сега има 41 бод, односно три помалку во однос на Барселона.