Популарните ,,волци” буквално го понижија  второпласираниот тим во Бундес Лигата, Фрајбург, откако на домашен терен славеа со 6-0

Голеадата на Волфзбур ја отвори Вимер со гол во втората минута, за Винд со своите два погодока во 28-та и 37-та минута донесе голема предност од 3-0 на полувреме.

,,Волците” продолжија во исти ритам и во второто полувреме па со головите на Герхард во 56-тата, на Баку во 81-тата и на Валдшмит во 96-тата дојдоа до убедлива победа од 6-0.

Дебаклот  на Фрајбург го искористи Ајнтрахт Франкфурт, кој со убедливата победа од 3-0 кај ,,фенерџијата” Шалке 04, дојде до втората позиција на табелата

Линдстром, Боре и Бута беа стрелците на головите со кои Ајтрахт дојде до убедлива победа и  30 бода во шампионатот и втора позиција на табелата, пет поени зад лидерот Баерн Минхен