Можно е ново и засилување во редовите на МЗТ

Иако МЗТ загуби од Будуќност сепак аеродромци на вечерашниот меч покажаа карактер, враќајќи се во игра од 19 поени негатива. Но, резултат на крајот беше неповолен за македонскиот првак.

Тренерот Александар Николиќ на прес-конференцијата по мечот имаше подолго излагање,

„Многу добар натпревар, во кој видовме многу убави елементи од кошарката, се што треба. Верував дека можеме да изненадиме вака добар ривал. Многу ни недостасуваа тројцата играчи (Куп, Мичовиќ и Пандев). Многу ми е жал што мојот тим загуби, бидејќи сакав овој меч да го посветам на моите починати родители. Ретко сум доживеал кога мојот тимот изгубил сите во салата да ме поддржат и аплаудираа. Затоа на сите во салата сакам да им се заблагодарам на ваквиот однос кој го имаа, особено према мене, особено по натпреварот, нешто што ретко ќе им се случува на тренерите низ кариерата“, изјави Николиќ.

Тренерот на сино-белите верува дека доколку неговиот тим одигра како во последната четвртина, ќе дојдат и победите.

Ниолиќ меѓу другото најави и ново „моќно“ засилување за тимот да остане конкурентен, а следната шанса ќе ја бара во дуелот со екипата на Дерби, меч закажан за во сабота, па стратегот на МЗТ јавно упати молба до КК Гостивар мечот од домашното првенство да го одиграат најдоцна до вторник, како би имале доволно време подобро да се подготват за мечот во Подгорица.

Целата прес-конференција на двајцата тренери може да ја проследите во продолжение.