Елиф Елмас ја доби довербата на тренерот Спалети од првата минута на натпреварот против Салернитана,  а Наполи запиша уште една победа 2-0.

Тимот на Спалети ја оправда фаворитската улога на натпреварот а Ди Лоренцо и Виктор Осмине, погодија за конечен резултат од 2-0

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, натпреварот го започна од првата минута а ги одигра сите 90 минути од натпреварот. За Елмас ова е 18-ти натпревар оваа сезона, во која има 5 погодоци и 1 асистенција.

За Наполи пак ова е 16-та победа оваа сезона и вкупно 50 бода, за убедливо прво место на табелата.