И додека македонска ракометната јавност е насочена кон настапот на нашата сениорска селекција на Светското првенство, РК Вардар се подготвува за продолжувањето на клупската сезона.
Веднаш по завршувањето на Мундијалот, следуваат натпреварите во регионалната СЕХА лига, во која Вардарци ќе сторуваат на гостински терен кај Татран Прешов (28 јануари).
Потоа следуваат двата домашни натпревари со Партизан (1 февруари) и реваншот со Татран (10 февруари).
Од таборот на црвено-црните информираа дека од вчера се пуштени во продажба влезниците за овие две средби што ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“
Цените на влезниците се по 150 и 200 денари, а истите може да се набават и и онлај на страната на https://mktickets.mk/
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ВАРДАР
ГРУПА Б
28.01 Татран Прешов – Вардар
01.02 Вардар – Партизан
10.02 Вардар – Татран Прешов
28.02 Партизан – Вардар