Откако синоќа беа одиграни последните средби во осминафиналната рунда, денеска беа одредени паровите за четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Шпанија, популарниот „Копа дел Реј“.

Ждрепката беше „немилосрдна“ за мадридските ривали, па така Реал и Атлетико ќе играат меѓусебно за влез во полуфиналето.

Екипата на Барселона пред својата публика ќе го пречека Реал Сосиедад, додека Осасуна ќе биде домаќин на Севиља.

Последниот пар го сочинуваат, минатогодишниот финалист Валенсија и тимот на Атлетик Билбао.

Натпреварите од четвртфиналето во „Купот на Кралот“ ќе се играат од 24 до 26 јануари