Репрезентациите на Франција и на Исланд ги постигнаа првите победи во Главната фаза. Французите во Краков ја победија Црна Гора со 35:24. Резултатска неизвесност имаше само во првите 10 минути, а потоа на сцена стапи голманот на „триколорите“ Винсан Жерар, кој одбрани неколку тешки удари и седмерци. Тој до крајот на натпреварот имаше 15 одбрани. Најефикасен беше Мелвин Ричардсон со 10 голови.

На дуелот во Гетеборг Исланд ја победи селекцијата на Зеленортската република со 40:30. Најефикасен беше играчот на Зеленортската република Делсио Пина со 11 голови.

Прва победа на шампионатот постигна Јужна Кореја во дуел од Президент купот во Плоцк го совлада Уругвај со 37:30.