Со денешните осум натпревари, шест во Главната фаза и два во Президент купот ќе продолжат натпреварите на Светското првенство во Полска и Шведска. Неколку интересни дуели ќе бидат на програмата, а дуелите во Главната фаза во Краков и во Гетеборг се играат во три термини 15:30 часот, 18 часот и 20:30 часот.

Распоред на натпреварите по групи:

Главна фаза Група 1 – Краков:

Иран – Словенија (15:30 часот)

Франција – Црна Гора (18 часот)

Шпанија – Полска (20:30 часот)

Главна фаза Група 2 – Гетеборг:

Португалија – Бразил (15:30 часот)

Зеленортска република – Исланд (18 часот)

Шведска – Унгарија(20:30 часот)

Президент куп Група 1 – Плоцк:

Чиле – Саудиска Арабија (15:30 часот)

Уругвај – Јужна Кореја(18 часот)