Во дуелот за првото место во групата Б во Катовице репрезентацијата на Франција ја победи Словенија со 35:31 и со тоа го освои првото место во групата и со четири бодови ќе стартува во следната фаза. Најефикасни кај Франција беа Ремили и Мае со по 7 голови, најефикасен на дуелот беше Словенецот Алекс Влах со 9 голови.
Во дуелот од А групата Црна Гора го победи Чиле и го потврди второто место во групата, како и Бразил кој со победата над Зеленортските острови со 30:28 е втор и пренесува два бода.
Убедлива победа во Кристијанштад оствари Исланд со 38:25, но за конечниот пласман на табелата ќе го чека резултатот од дуелот Унгарија – Португалија, што го судат македонските судии Начевски – Николов.