Последното рангирање покажа дека Македонското Теквондо има причина за радост: Четири Норми за Европските Олимписки игри

Заради високите ранкинзи на светските ранг листи Дејан Георгиевски, Филип Додевски, Милијана Релиќ и АнаМарија Георгиевска – со освоена норма ќе ја претставуваат Македонија на Европските Олимписки Игри во Полска

Ова е уште еден доказ за успешноста во овој спорт и евидентниот напредок кој Македонија го има, по освоениот сребрен медал на Георгиевски на Олимписките игри во Токио.