Репрезентативецот на Македонија, Томислав Јагуриновски и повремениот член на репрезентацијата Михаил Аларов во пролетниот дел од сезоната ќе играат за Вардар.

Иако вајцата ракометари требаше да дојдат во Вардар од јуни, и да останат две сезони, сепак управите на двата клуба, Вардар и Пролет најдоа заеднички јазик и нинвите договори ќе стапат на сила од зимскиот преоден рок.

Томислав Јагуриновски настапува на десната бековска позиција а може да игра и како десно крило, додека пак Аларов игра на позицијата кружен напаѓач

Михаил Аларов веќе тренира со тимот, а Јагуриновски ќе се приклучи по завршувањето на настапот на СП во Полска.