Иако ги пропушти последните три контролни натпревар, поради повреда, бекот на Вардар, Филип Талевски ветува дека ќе биде “фит” за стартот на Светското првенство.

Македонија ќе има тешка задача во дуелите со Норвешка, Холандија и Аргентина редоследно, но искусниот Талевски ветува дека нема предавање.

„Имаме една тешка група, но нема да се предадеме против никого. Ние покажавме повеќе пати дека кога е тешко, можеме и знаеме. Мора да одиме чекор по чекор и зошто да не направиме некое изненадување? Станавме модерен национален тим, даваме доста голови, треба да се фокусираме повеќе во одбраната и со таа транзиција да внимаваме. Можеме да трчаме, младоста тоа ни го дозволува“, изјави Талески.

Црвено-жолтите шампионатот ќе го започнат во петок со дуелот против тоа фаворитот во групата Норвешка.