Подмладената ракометна репрезентација на Македонија во Пореч против Израел ја има последната контрола пред настапот на Светското првенство.

Иако вчера беа надиграни од домашната селекција на Хрватска со 40-34, избраниците на селекторот Кирил Лазаров мотивирано влегоа во дуелот со вечерашниот противник Израел.

За мотивираноста на нашите ракометари, доволно говори и интонирањето на македонската химна.