Манчестер Сити го доби големото дерби против Челзи во рамките од 19.коло на Премиер лигата.

На средбата одиграна на „Стамфорд Бриџ“ во Лондон, гостите од Манчестер славеа победа со 1-0 со голот на Ријад Марез во 63 минута на асистенција на Џек Грилиш. Инаку двајцата играчи во игра влегоа само три минути претходно.

Со оваа победа Манчестер Сити го намали заостанувањето на пет бодови за лидерот Арсенал кој во ова коло одигра на домашен терен без голови со Манчестер Јунајтед, додека Челзи е на 10-место со само 25 бодови.