Без изненадување на последните три средби од 1/16.финалето во шпанскиот фудбалски Куп

Екипите кои настапуваат во Примера, ја оправдаа фаворитската улога и како гости славеа победи.

Најубедлив беше Атлетик Билбао кој со 6:1 го совлада Елденсе, додека Реал Бетис со 4:1 славеше над Ибица, а Осасуна со 2:1 го победи Гимнастик

Со тоа комплетиран е списокот на тимовите кои ќе играат во осминафиналето на Копа Дел Реј.