Џеко му донесе победа на Интер во дербито со Наполи

Со голот на босанскиот интернационалец Един Џеко, екипата на Интер го доби Наполи со 1-0 во дербито од 16.коло на Серија А.

На средбата одиграна во Милано, откако домаќините во првиот дел пропуштија четири идеални шанси за гол, конечно тоа се случи во 56-минута, кога по асистенцијата на Димарко, на вистинското место се најде Џеко и го постигна победничкиот гол за Интер.

За Наполи ова е прв пораз сезонава во Серија А, но трет во низа, откако тимот од Неапол кој крајот на минатиот месец го загуби контролните средби до францускиот Лил (1-4) и шпанскиот Виљареал (2-3)

Во тимот на Наполи, македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас ги одигра завршните 15-минути.

И покрај поразот, Наполи останува лидер на табелата со 41 бод, сега пет повеќе од Милан, односно 7 од Јувентус, додека Интер се проби на 4.место со 33 бодови.