Екипата на Барселона се пласира во осминафиналето ва шпанскиот Куп.

Иако Каталонците важеа за апсолутни фавороти во дуелот со третолигашот СЦ Интерсити, сепак до победата од 4-3 Барса стигна дури во продолжението.

Со головите на Араухо (4-минута), Дембеле (66) и Рафиња (77), Барса трипати имаше предност.

Но, Ориоло Солдевиа, кој потекнува од школата на Барселона, во три наврати успеваше да го израмни резултатот (59, 74 и 86-минута).

Сепак, во продолжението, односно 103-минута Ансу Фати го постигна четвртиот гол и ја одведе Барса во осминафиналето.