Ревијалниот ракометен натпревар одржан во СЦ Борис Трајковски во Скопје, во кој над 6000-та публика можеше да ужива во мајсториите на поранешните и на актуелните макеоднски репрезентативци, секако со право ќе влезе во историјата на овој спорт во нашата земја.

Ведри лица, радост, забава, но и по некој емоционален момент, беа белег на повеќе од двочасовниот спектакл, во кој можеше да ужива македонскиот аудиториум, среќниците на лице место, а останатите преку директниот телевизиски пренос.

Секако дека еден од највпечатливите моменти беше интонирањето на македонската химна.

Ракометната федерација се погрижи тоа да го овековечи со неколку прекрасни фото галерии, кои ги сподели на својата Фејсбук страна.

Ние ви пренесуваме само една од нив.