Незадоволството од новиот пораз во АБА лигата на својот МЗТ Скопје Аеродром, не го криеше ниту првиот стратег на екипата Александар Петровиќ, кој по средбата со Сплит која макеоднскиот првак ја загуби со 80-85, изјави:

Честитки до екипата на Сплит за битката до крајот, заслужено нè победија. До третиот период исполнивме сè што имавме договорено. Потоа во четвртата четвртина, не бевме активни во нападот, премногу ја држевме топката и не напаѓавме со пас игра или дриблинг. На крајот, две грешки во одбрана доведоа до две тројки. За нас ова е тежок пораз, има уште доста да се игра, ама штета е вака да се губи натпревар во кој имаш контрола. Сметам дека имавме големи шансии да победиме, ама тоа не се случи

До крајот на годинава, МЗТ ќе одигра уште еден меч и тоа во петок на 20 декември во Загреб каде гостува на Цибона, па по новогодишната пауза, во Скопје ќе ја пречека белградска Црвена Звезда.