Популарниот „Карабао“ или Лига куп на Англија ќе добие нов шампион.

Ова откако во дербито од осминафиналната рунда актуелниот освојувач Ливерпул е елиминиран и тоа со пораз од актуелниот англиски првак Манчестер Сити.

На натпреварот одигран на „Итихад“, домаќините славеа со 3-2 и се пласираа во четвртфиналето.

Уште во 10.минута Сити поведе со голот на Халанд, а во 20-тата Карвањо израмни на 1-1.

Во вториот дел, за само 80-секунди беа постигнати два гола.  Во 47.минута ново водство на „Граѓаните“ донесе Марез. Но, практично во следната акција, Салах ирамни на 2-2.

Победникот беше решен во 58. минута, со погодокот Аке.

Познати се и двојките за четвртфиналната рунда во која нема да се судрат ривалите од Манчестер.

Така, Јунајтед ќе го пречека Чарлтон, додека Сити ќе гостува кај Саутемптон.

Останатите два пара ги сочинуваат Нотингем Форест – Вулверхемптон и Њукасл– Лестер.

Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат на 10 и 11 јануари 2023 година.