Целосната контрола на натпреварот и големиот број на шанси што ги имаше Манчестер Јунајтед, резултираше со победа од 2:0 со што си ги зголемија шансите за пласман во Лигата на шампионите.

По асистенцијата „со очи“ на Џејдон Санчо, Стив Мектомини го промени резултатот и „Црвените ѓаволи“ во 36-та минута поведоа со 1:0.

Доминацијата на „Олд Трафорд“ продолжи и во второто полувреме.

Во 71-та минута, ново влезениот Антони Марсијал ја зголеми предноста на 2:0. Несебично му асистираше најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед сезонава, Маркус Рашфорд, кој за жал се повреди во 80-та минута од натпреварот.

Резултатот можеше да биде и поубедлив доколку Евертон на голот го немаше расположениот голман на англиската фудбалска репрезентација, Џордан Пикфорд.

Манчестер Јунајтед се искачи на 3-то место на табелата во англиската Премиер лига со 56 освоени бодови, но и натпревар повеќе од екипата на Њукасл.

Во следното коло од Премиер лигата, Јунајтед му гостува на Нотингем Форест, но пред во четврток ја пречекува Севиља во натпревар од Лигата на Европа.

Извештај: Марио Петровски