Кошаркарското првенство на Македонија е во најинтересната плеј-оф фаза. Веќе се играат полуфиналните натпревари, преку кои четирите екипи се борат за шампионскиот трофеј.
Вечерва може да го дознаеме и првиот финалист. Екипите на Маџари и ТФТ ќе го играат вториот меѓусебен натпревар.
Дебитантот во суперлигашката конкуренција Маџари е пред историска шанса, влез во финалето. Ова откако Маџари го доби првиот дуел и тоа по продолжение, со што поведе со 1:0 во победи во серијата подобар до две. Сега избраниците на Мишо Тодоровиќ ќе ја имаат и подршката на домашната публика, а со тоа и мотив повеќе за влез во финалето.
Од друга страна, минатогодишниот финалист ТФТ, ќе мора да најде сили за да се избори за мајсторка. Составот предводен од Боро Смилковски, во краток период има неколку тешки натпревари. Покрај оној со Маџари за 20-тина дена, ТФТ одигра уште четири натпревари во АБА конкуренцијата. Смилковски и неговите избраници ќе мода да дадат повеќе од својот максимум, ако самаат да останат во игра за финалето.
Вечерашниот натпревар Маџари – ТФТ ќе почне од 21 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇



























