Европската ракометна федерација официјално ги потврди термините за големото финале во ЕХФ Европскиот куп меѓу Охрид и Татабања.

Македонскиот претставник ГРК Охрид првиот историски дуел за европскиот трофеј ќе го одигра на гостински терен во Унгарија. Првиот натпревар е закажан за 24 мај со почеток во 17 часот во арената на Татабања.

Охридските „гладијатори“ ќе ја имаат клучната предност бидејќи реваншот ќе се игра пред преполните трибини во салата „Билјанини Извори“. Вториот натпревар кој ќе го одлучи освојувачот на пехарот ќе се одигра на 31 мај во 20 часот.

Ова финале доаѓа по неверојатниот триумф на Охрид над словенечки Целје во драматичната завршница со изведување пенали.

Противник на патот до трофејот е силната екипа на Татабања каде настапува македонскиот репрезентативен бек Филип Талески. Унгарскиот тим обезбеди финале со тесна победа над Извиѓач и важи за еден од најквалитетните состави во натпреварувањето.

ГРК Охрид со поддршка од своите верни навивачи ќе се обиде да го донесе првиот голем европски ракометен пехар во градот. Во тимот очекува салата „билјанини извори“ за реваншот да биде исполнета до последното место.

Доколку успеа да го освои трофејот, Охрид ќе биде вториот тим во низа од Македонија кому му успало тоа. Потсетување дека лани трофејот од Европскиот куп го освопија ракометарите на Алкалоид.

Следете нé на социјалните мрежи